top of page

Извештај од Рацинови средби

         Учество на младите поети од ОУ„Кузман Шапкарев“                   н.Драчево на  46 –те Детски Рацинови средби во Велес

 

Велес- лулка на поезијата. Во чест на поетот на обесправените, тутуноберачите, копачите, поетот на народната душа – великанот Коста Солев Рацин, на 1 и 2.11. 2013 г од. по 46 –ти пат се одржаа Детските Рацинови средби. Се собраа млади поети и уметници од одбрани училишта од Македонија кои претходно аплицираа на конкурсот објавен од градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. Од пристигнати 90 апликации, особена чест и задоволство  претставуваше што токму младите поети од ОУ„Кузман Шапкарев“: Дајана Ангелеска од VIII и Ана Илиева од VI одделение, под раководство на менторот Анета Јумбрукова-Алексова, наставничка по македонски јазик,  беа одбрани во 16 –те училишта кои влегоа во потесна конкуренција. Ги претставија своите творби и научија повеќе за пишувањето од постарите и поискусни поети. Лиле Стефановска од VII и Ана Крстевска од VIII одделение учествуваа во ликовно-вајарската работилница.

Младите поети беа сместени кај  гостопримливите велешки семејства. Учествуваа во поетскиот караван, го посетија ОУ„Васил Главинов“. Литературната секција им приреди топол дочек, присуствуваа на средба со писателите Киро Донев и Македонка Јанчевска.  Младите вајари го оживеаја ликот и делото на Рацин. Менторите и гостите го следеа симпозиумот на тема: „Детето, книгата, читањето“ кој го водеше доц.д-р Христо Петрески. Се разменија мислења, искуства и предлози.

Незаборавна беше програмата подготвена од вредните професори од основните и средните училишта во Велес. Незаборавна беше и посетата на куќата на Рацин. Следуваше промоција на „Јавачот на божилак“ од Горјан Петревски.  На завршната церемонија во салата „Бели мугри“ беа доделени и награди на најуспешните ученици.

Се создадоа нови пријателства. Пријателства што ќе траат навек. Сите, и учениците и менторите си заминаа побогати за едно искуство.

Ученици поети

Те сакам, Скопје

 

Скопје, убаво си секогаш

иако поразлично од некогаш

Сè во тебе мирно стои

години и часови брои.

Скопје – главен град

на самостојна Македонија,

со современ европски имиџ

вклопен во старата традиција

Модерни градби, барок

фонтани, плоштади,

трговски центри, Скопје сити мол,

двокатни автобуси, широки булевари...

А, во викендите пак Сарај, Матка, Водно

Кале, Пантелејмон, градски парк

преполни се со посетители разни,

со детски џагор и безброј приказни.

Тука се и дневните прошетки,

кафулиња, кафе-муабет, дискотеки,

скопски девојки и фраери

пристигнати од разни краеви

Се чувствува  мирисот на липите

и дождот пролетен

скопски спокој и мир

во сета небеска шир.

Мојот град доживеал многу катастрофи

епидемија на чума, до темел е запален

1962 – поплавен, 1963 – разурнат...

Пет часот и седумнаесет минути

на Радио Скопје утрински вонредни вести

„Скопје повеќе не постои...“

Но, Скопје повторно се изгради

стана симбол на светската солидарност,

комшиски и пријателски град,

се радуваа и стар и млад.

Видов многу градови прекрасни

од Бога благословени

но, ниту еден од нив не импресионира

и не чува спомени

како мојот град Скопје.

Преку песни и приказни

пред светот го претставуваме,

неговото минато го чуваме

иднината ја градиме

па поради тоа нè разликуваат.

и нè почитуваат.

На мојот град му претстои

светла иднина

тој во себе има безброј убавини

љубов, почит, жар,

сите сум ги збрала

како најмил, најскапоцен дар.

 

 

Лиле Стефановска 

 

 

 

 

 

Убава си, татковино моја

 

 

 

Секој град е благословен од Бога,

но само Скопје живее во слога.

Во Скопје на плоштад

многу херои се збрале,

еден меѓу друг место си бираат

без да се скараат.

А под убавата планина Шара

ќе го здогледаш Тетово

со шарената џамија стара.

 

 

            По Охридско Езеро кајчето кружи

и во лето секој со него се дружи.

А ќе поминеме и низ Струга,

а како Струга нема друга.

 

 

Кога ќе продолжиш по патот бесен

ќе стасаш и до познатиот Ресен.

на Широк Сокак ти ќе појдеш

само ако во Битола дојдеш.

Зиме и лете Крушево те вика,

родното место на Тоше да го посетиш

и на секој убав спомен да се досетиш.

 

 

Низ Велес штом ќе пројдеш

без стомна да не си дојдеш,

а  пак источната страна нема ниедна мана,

вредни луѓе се тие

нема тука што да се крие.

 

 

Во Гевгелија дури и птиците се преселија.

Во Дојран на лето да појдеш

назад нема да наумиш да си дојдеш.

 

 

Дајана  Ангелеска

 

 

 

 

 

Пролетна слика

 

Како сликар со својата палета

 

пролетта во природата слета, 

 

со своите раскошни бои

 

фустан прекрасен си скрои. 

 

Сонцето распослало зраци 

 

цвеќињата итро ги мами, 

 

ги гали дрвјата голи

 

велејќи им дека не се сами.

 

Тревичката кренала глава

 

и сонцето нежно го пие, 

 

природата од сон се буди

 

и никому не му се спие. 

 

Жубори потокот бистар

 

и весели поздрави праќа, 

 

на зимата што си оди

 

и пролетта што ни се враќа. 

 

Уличките живнале сите

 

детски глас насекаде се слуша, 

 

ги измами сонцето надвор 

 

да наполнат очи и душа.

 

 

Ана Илиева

Посета на издавачката куќа „Просветно дело“ и редакцијата на неделниот забавник за млади „Наш свет“

 

     Учениците од новинарската и библиотекарската секција при ОУ„Кузман Шапкарев“ н.Драчево, заедно со своите одговорни наставнички, беа во посета на издавачката куќа „Просветно дело“ и редакцијата на неделниот забавник за млади „Наш свет“.

Во редакцијана на „Наш свет“ беа пречекани од одговорната уредничка на списанието, Билјана Чадиковска и од писателот Горјан Петревски. Во разговор со нив, учениците дознаа што претставува професијата новинар и колку е забавно и интересно да уредуваш еден ваков неделен забавник за млади.

Редакцијата е специјализирана за издавање на детски списанија и тинејџерска литература.

Уредничката Билјана им објасни кој учествува во создавањето на нивното омилено списание: таа како одговорен уредник, Горјан Петрески како писател и уредувач на страницата: „Заљубени – залудени“, ликовно-графички уредник, технички уредник – дизајнер и лектор. Учениците се запознаа одблизу со нивната работа. Списанието со едукативен и забавен карактер опстојува многу години и ги исполнува сите желби на читателите, обработува секакви теми, промовира таленти (во спортот и пишувањето,цртањето, музиката...), активности на училиштата, наградува и ги развеселува учениците со постерите од нивните ѕвезди...

Писателот на најчитаната лектира за 7. одделение, Горјан Петрески, го побуди вниманието на сите. Им раскажа како настанала „Марта“, им прочита неколку свои песни и им одговори на поставените прашања.

П О С Т О Ј А М

 

 

Мајчиниот јазик

 

е мојот корен,

 

наследство од моите предци,

 

на него творат нашите 

 

писатели, поети и дејци.

 

Мајчиниот јазик

 

е тој по кој нè препознаваат,

 

по кој нè разликуваат,

 

тој е нашата душа,

 

ширум сите простори

 

со восхит се слуша.

 

Минале години долги

 

и уште многу ќе минат,

 

писмата и делата

 

пишувани на мајчиниот јазик

 

никогаш нема да згинат.

 

Мајчиниот јазик ми дава поттик

 

за пишување, творење,

 

ми дава сила да го сочувам

 

идентитетот и моето постоење.

 

Мајчиниот јазик

 

е мојата иднина,

 

мојата душа, мојот корен,

 

така нè учат нас:

 

мајчиниот јазик е моето име,

 

моето гордо ЈАС!

 

Лиле Стефановска 

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

15 ОКТОМВРИ – 15 НОЕМВРИ

 

„1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

2 Тоа беше во почетокот во Бога.

3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.

4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.

5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.

6...“

 

Доволно јасно и доволно определено, дури и низ метафората на божјото создавање и сознание, дека книгата е рамна на Бога и светлината, еднаква на животот зашто и живот дава.

Книгата се мери со светлината, затоа што и со едното и другото може најбргу да се стигне до кое било место на светот.

Книгата се смета за едно од најголемите човекови достигнувања. Мерило на времето и невремето, завештание за животот и сосотојба на човештвото, патоказ за иднината.

Во денешно време, во ерата на компјутеризација и жедта за електронска информација, се чини како книгата да го губи приматот.

Книгата претставува храна за човечкиот ум и разум, во која се кријат безброј мудрости, човечки судбини, искази, запишани народни преданија, но и среќни мигови од животот на човекот. Тоа, тогаш, со сигурност, претставува духовен стожер, најзначајна алка без која не може да се замисли човековиот опстој.

Преку книгите дишеме, живееме, опстојуваме, како што рекол Цицерон: „Соба без книги е како тело без душа“. Тие ни зборуваат за детството, за љубовта, за животот, за митовите, легендите...спомените.

Годишната програма на ООУ „Кузман Шапкарев“ – н. Драчево предвидуваше одбележување на Месецот на книгата (15 октомври – 15 ноември), за оваа активност како одговорни лица беа назначени:

  • Марија Атанасова – наставник по македонски јазик

  • Анета Јумбрукова Алексова – наставник по македонски јазик

Програмата на активности поврзани со одбележувањето на Месецот на книгата предвидуваше:

  • Награден литературен и ликовен  конкурс „Книгата е извор на сите мудрости“

  • Изработка на пано на литературните и ликовните творби на тема: „Книгата е извор на сите мудрости“

  • Посета на локалната библиотека „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“

  • Драматизација

На 10 октомври 2014 година беше распишан литературен и ликовен конкурс на тема: „Книгата е извор на сите мудрости“. На конкурсот се јавија ученици со над 50 творби. Наградени и пофалени ученици на литературниот  конкурс беа:

 

  • IV3 одд. – групна изработка

  • Мила Петров V1

  • Ендрита Јашари IV1

  • Горјана Николоска II2

  • Младен Зиморкоски II1

  • Борјан Морски II1

  • Томи Спирковски II4

  • Лиле Стефановска VIII1

  • Георгина Стојчевска VI3

  • Анамарија Грујоска IX3

  •  

На ликовниот конкурс наградени ученици беа:

 

  • Теона Арсовска II1

  • Матеј Богески II3

  • Мајде Кесаси  III3

  • Горазд Димитровски II3

  • Мартин Ефремов I4

  • Виктор Урџакис II2

Наградените и пофалените ученици ќе добијат дипломи, пофалници и книги на Патронатот на училиштето.

На 16 октомври учениците од VI до IX одделение ја посетија локалната библиотека „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“, каде љубезно беа пречекани од библиотекарката Валентина Ѓеорѓијевска. Добија одговори на многу прашања поврзани со работата на библиотеката.

На 25 октомври дел од учениците од V1 одделение се претставија со драматизација на приказната „Принцезата жаба“ („Василица Прекрасна“).

Василица прекрасна.jpg

Василица прекрасна.jpg

Василица прекрасна 1.jpg

Василица прекрасна 1.jpg

 

На 1 ноември беа изработени паноа од наградените литературни и ликовни творби на учениците кои беа изложени во училишниот хол.

ООУ КУЗМАН ШАПКАРЕВ

bottom of page