top of page

За основното училиште Кузман Шапкарев

       Основното училиште „Кузман Шапкарев“ се наоѓа во населбата Драчево на улица „Антон Димитров“ број 135 Скопје и го опфаќа реонот од урбаната заедница Подстаница и дел од населбата Драчево. Изградено е од тврда градба во 1971 година со вкупна површина од 4950 м² и дворно место од скоро 5000 м². Училиштето ги опфаќа учениците од прво одделение од деветгодишното образование до деветто одделение. Сите ученици се опфатени од реонот на училиштето. Наставата се изведува на македонски наставен јазик во две смени. Во училиштето се изведува класична настава и настава со продолжен престој (целодневна настава) за прво, второ, трето, четврто и петто одделение од деветгодишното основно образование. Училишната зграда е составена од приземје и кат. Располага со сала за физичко образование, кабинет по ТО, кабинет по информатика, физика, хемија и музичко образование, а останатите се класични училници. Кабинетите се опремени со потребни нагледни средства по одделни предмети за учениците од шесто до деветто одделение. Училиштето е опремено со основен мебел и инвентар, нагледни средства и помагала (дел од нив се обновени), а голем број од нагледни средства се нови (донирани и купени) со што е зголемена опременоста на училиштето. Девет училници од училиштето се опремени со компјутери. 

Училишен информатор 

 

Прочитајте го информаторот

ООУ КУЗМАН ШАПКАРЕВ

bottom of page